АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола и ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, со литературно читање го одбележаа 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Во настанот беа вклучени ученици од шесто до деветто одделение, кои се претставија со лични творби, како и со избор од современата македонска поезија. Тие ја истакнаа важноста на мајчиниот јазик за секој поединец и ја искажаа својата љубов кон него, преку моќта на пишаниот збор. Учениците беа по менторство на наставничките по македонски јазик и литература, Зора Дамјанова и Емилија Прчкова.