АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Поради пандемијата не бевме во можност да одиме во Битола и да маршираме заедно за депортираните Евреи. Сепак, се обидуваме да најдеме други работи за да ја загарантираме меморијата. Градовите Битола и Кирјат Оно во иднина ќе бидат што би се рекло, близнаци градови- пратнери, се надевам дека двајцата градоначалници в година ќе бидат на маршот во Битола“, рече израелскиот амбасадор Дан Ориан за време на денешната интернет врска со Битола додека се одбележуваше 78 годишнината од Холокаустот на битолските Евреи. .
Градоначалникот на Кирјат Оно, Израел Гал за да се зацврсти соработката меѓу двата града, а штом помине пандемијата, најави посета на битолски студенти, бизнисмени, професори.
„Ние со денешното засадување на дрвца, засадуваме надеж, за да ги засилиме врските на нациите и спомните за цела заедница. Денес креираме пријателство. По пандемијата со ковид-19 кога ќе бидеме во можност да патуваме и да се сретнеме, ќе организираме во нашиот град да доаѓаат студенти од Битола, ученици, младина и биснимени , едукатори“, рече градоначалниот Гал.