2win800x200

Кузманоски-Транспарентна е целокупната документација за набавка на возилата

Март 12, 2021

 

Интегрален текст од прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски

СДСМ е апсолутен победник на последните локални и на парламентарни избори во Општина Новаци. Со големите победи следуваше и големата одговорност. Сега сме пред нов предизвик, период пред нови локални избори. Во еден ваков политички моментум опозицијата во Општина Новаци се обидува да манипулира и да ги лаже граѓаните за работата на општина Новаци. Но, за нас зборуваат фактите, реализираните проекти што се видливи, бидејќи граѓаните веќе ги ползуваат придобивките од тоа.

Во изминатите 3 и пол години реализиравме капитални проекти - од изградба на патна инфраструктура, канализација, лед осветлување градинки... па се до секој момент што подразбира поквалитетен живот за нашите сограѓаните.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ Новаци, никако да сфати дека едноставно постојат работи кои се над личните и партиските интереси, никако да сфати дека грижата за граѓаните е над се’, па се впушта во опасни авантури на безочни клевети и лаги.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Новаци, Стевче Стевановски, безобразно обвинува дека механизацијата која што Општина Новаци ја набави била купена со заем со грејс период. Но, притоа Стевановски намерно пропушта да каже дека кредитите што ги подигна бившата власт предводена од неговата партија ВМРО ДПМНЕ, ние и ден денес ги плаќаме, зошто не задолжија до гуша.

Обвинувањата дека возилата се нефункционални и дека сме ги набавиле поскапо, не држат вода.

Но, ајде да го прашаме Стевановски, што набави неговата партија во изминативе 12 години власт во Новаци? Еве, за да биде појасно- Ништо!

Одговорно тврдиме дека транспарентна е целокупната документација за набавка на возилата. Се е ставено на очиглед на јавноста.

Денес, нашата општина и ЈКП „Комунална Хигиена“ располага со сопствена нова механизација и истата е функционална. Општина Новаци повеќе не мора да плаќа кон надворешни фирми за чистење на снег, туку со сопствена механизација таа обврска ја презеде јавното претпријатие „Комунална Хигиена“. За потсетување,  за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Новаци плаќаше илјадници евра кон надворешни фирми за чистење на снегот и чистење диви депонии.

новац 1

Нема дилема дека деструктивните структури на ВМРО-ДПМНЕ три и пол години работат против интересите на граѓаните на Општина Новаци. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Новаци гласаа против капитални инвестиции, гласаа против набавка на комунални возила, важно им е да се ПРОТИВ, па дури и за она што е во полза на граѓаните. Зошто? Прашајте ги нив самите.

Стевановски обвинува за превирања и раскол меѓу членовите на СДСМ-Новаци. Најодговорно тврдиме, ниту во СДСМ Новаци, ниту пак во СДСМ на централно ниво нема никакви превирања и раскол, туку единство и соработка. Стевановски нека погледне во сопствениот двор, во дворот каде што има превирања и раскол за што е закажан и вонреден партиски конгрес за промена на нивниот Мицкоски.

Лажните вести кои што ги шири ОК на ВМРО-ДПМНЕ Новаци на чело со Стевановски кој пак прави „кариера“ со ЛАГИ,  не одат во прилог никому, а особено не на граѓаните.

Стевановски што и да каже ќе излаже. Како да му се верува на човек кој што на дневно ниво ги менува лагите?

Заврши ерата на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалната власт на Општина Новаци работи, домаќински, чесно и според законите, само и само во  интерес на граѓаните на Општина Новаци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани