2win800x200

20 сантиметри снег во Битола

Март 22, 2021

 

Во текот на ноќта и утрово се задржа облачно со врнежи, кои беа претежно од снег. Поголеми количества воден талог до 1 часот имаше во западните делови од земјата. Утринава врнежите се од снег и се со слаб интензитет, а поинтензивен ветер дува на повисоко во Пелагонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според мерењата во 7 часот утрово, највисока снежна покривка, 40 сантиметри, има во Маврови Анови, Во Крушево има 39 см снег, 33 во Ѓуриште, 31 на Попова Шапка и Пожаране, 26 во Дебар, 24 во Тополчани, 20 во Битола и Претор, 15 во Куманово, 14 во Прилеп, 11 во Тетово, 10 сантиметри снег во Берово, седум во Штип, четири во Крива Паланка и 1 см во Демир Капија.

Најмногу воден талог во изминатите 24 часа има во Пожаране, 34 литри на квадратен метар, 29 во Крушево, Дебар и Претор, 28 во Скопје-Зајчев Рид, 27 во Тетово, 26 во Виница, 25 во Битола и Куманово, 24 во Ѓуриште, 21 во Скопје-Петровец и во Прилеп, 20 литри на квадратен метар наврнало во Штип, 19 во Гевгелија, 12 во Берово, 11 во Струмица и девет во Дојран, Крива Паланка Паланка и Охрид.

УХМР соопшти дека утрово во 7 часот најниска температира, шест степени под нулата, е измерена на Попова Шапка. Минусни температири се измерени и во Маврово (-4), Крушево (-3) и во Дебар, Берово и Прилеп (-1).

Нула степени утрово се измерени во Охрид, Штип, Скопје-Петровец, Претор, Скопје- Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Битола, а над нулата во Виница (1 степен), 2 во Струмица, 3 степени во Гевгелија и 4 во Дојран.

За денеска УХМР најави облачно време, со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кој кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Максималната температура ќе достигне само до 4 степени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани