
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почина Благој Мицевски (1930 – 2021) дипл. град. инженер долгогодишен директор на ЈКП„Водовод“ Битола.
Мицевски беше човек со визија и зад себе остави трајни капитални проекти кои и ден-денес се од особено значење за водоснабдувањето на Општина Битола.
Од 1970 па се до 1998 година, Мицевски беше на чело на ЈКП „Водовод“ – Битола и со својата несебична работа даде значителен придонес во осовременувањето на водоводниот систем во градот. Под негово раководство се изградени основните капитални инвестиции за непречено водоснабдување на Битолскиот регион како што се: Бунарскиот комплекс „Змирнево“, зафатителните водоснабдителни објекти лоцирани на Баба Планина, доводен цевководен систем „Драгор“, Филтерска станица – Дихово“, Пумпна станица „Довлеџик“, примарна и секундарна водоводна мрежа во градот.