АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска по повод Светскиот ден на здравјето ја посети Клиничката болница во Битола, при што донираше 55 медицински униформи за здравствените работници во Ковид центарот во Битола и каде што во моментов се лекуваат 125 пациенти.
На средбата со директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска, разговараа за актуелната состојба во однос на сместувачкиот капацитет и расположливиот медицински кадар. Модуларните болници, кои се најголеми во државата, веќе ги сместуваат пациентите од регионот, но и од други градови од државата, кои за жал, стануваат секојдневно побројни.
Светскиот ден на здравјето е глобален ден за здравствената свест кој се одбележува секоја година на 7 април, под спонзорство на Светската здравствена организација, како и на други сродни организации.