2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Срцето на трагично загината 19 годишна девојка продолжи да чука кај 27 годишно момче

Април 17, 2021

27 годишно момче ноќеска доби втора шанса за живот откако кај него е пресадено срце на 19 годишна девојка од Берово која загина во сообраќајна незгода. Ова е втора трансплатација на срце во Македонија.

 

"Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора  извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.  

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова  е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!", објави утрово на ФБ министерот за здравство Венко Филипче
Се огласија и од Клиниката за кардиохирургија
 
"Хируршкиот конец, везе Историја! Рано утрово  пулсот на Државна Кардиохирургија во својот омилен "sinus rhythm"! Доказ дека секое "срце" е душа, и само ако така лекуваме тогаш оваа наша професија вечно ќе пулсира со успех ! Втора трансплантација на срце во Македонија!, напиша од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Државна Кардиохирургија
Министерот Филипче вчера, на прес конферениција информираше дека се прават подготовки за оваа сложена операција, откако семејството на младата девојка која трагично го загуби животот, се согласило да ги донира нејзините органи. 

Првата трансплатација на срце  во Македонија беше извршена во мај минатата година

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани