2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанката Белинда Сипкоска-Гаштарова со трогателна песна за донирањето срце

Април 17, 2021

Белинда Сипкоска Гаштарова, микробиолог во ЈП ,,Стрежево", напиша песна за алтруизмот и големиот чин на органодонаторство што го презеде семејството на младата Верица Белчовска. Ви ја пренесуваме во целост: 

Колкаво срце треба да имаш

за да го подариш некому
на кого му треба неодложно,
па да направиш невозможното да стане возможно
и тој некој да продолжи да дише,
а твоето име на срцето да го потпише,
за да не се заборави за век,
дека тоа срце некому било лек.
Колкава душа треба да имаш
па да одлучиш дека сакаш
дел од некој твој, да живее во некој друг
и така да затвориш еден круг
во кој и твојот и другиот ќе продолжат да живеат,
а срцето од двата, две семејства ќе огреат.
Колкава сила треба да имаш
па раката да не ти се треси
кога срце фаќаш за живот да спасиш
и на смртта да и пркосиш,
и знаеш дека од тебе се зависи,
а пред тебе и зад тебе амбиси
и мисли што во глава се ројат
и желби кои не можат да се добројат...
Денес сите вие сте дел
од големата херојска дружина
што на грб носеше голема тежина
се да помине беспрекорно и во ред
и еден млад живот да продолжи напред.
Белинда
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани