2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЌЕ СЕ ПОЕДНОСТАВИ ПРОЦЕСОТ НА ЦАРИНЕЊЕ ПРАТКИ ОД ИНТЕРНЕТ НАРАЧКИ

Септември 26, 2017

Делегација на АД „ Македонска пошта“ предводена од генералниот директор Фадис Реџепи престојува во Љубљана  во Словенија во работна посета. Потпишан е меморандум за соработка помеѓу„ Македонска пошта“ и „Словенечка Пошта“ за користење на искуствата од Словенија.  

Страните се договорија приоритет за реализација по склучениот меморандум да биде користењето на ITM апликацијата на Словенечка пошта за царинење на поштенски пратки од страна на „Mакедонска пошта“. Апликацијата ќе го поедностави процесот на царинење на поштенски пратки од интернет нарачки, а истото ќе значи големо олеснување за работата на поштата и Царинската управа на Македонија.

 Од посебна важност за идниот развој на „Македонска пошта“ е и остварениот состанокот со преставници од Школскиот центар за пошта, економија и телекомуникации во Љублана. Со нив се разгледуваа можностите нашата пошта да испрати свои вработени за дообучување и специјализација. Вработените по завршување на специјализацијата ќе бидат ангажирани за интерно обучување на другите вработени во „Македонска пошта“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани