2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Реконструкција на каналот за атмосферски води од Тумбе кафе до селото Лавци

Април 21, 2021

Во тек се градежни активности на дислокација и реконструкција на постоечкиот канал, од подножјето на Тумбе Кафе до патот за село Лавци во должина од 2052 метри. Поради нефункционалноста, каналот попречуваше реализација на низа инфраструктурни проекти, а со оваа интервенција се врши на еден дел негово препокривање, дислокација и реконструкција. Градоначалничката Наташа Петровска изврши увид во градежните активности, при што беше запозната со динамиката на работа на оваа делница.

„Каналот ги собира атмосферските води од Лавчанскиот дел  па сè до Тумбе кафе. Овие градежни активности се со средства во висина од  над 35.000.000 денари и се значајни не само поради функцијата на каналот, туку и поради продолжување на натамошните инфраструктурни зафати на ул. „Крушевска Република“, која што е започната на две делници.  Со тоа ќе се отвори сообраќајница, која ќе го растерети сообраќајот и ќе даде нов функционален режим на овој потег, а ќе продолжат и градежните активности кои создаваат онакви услови, какви што заслужуваат граѓаните во овој дел од градот, кај поранешната Касарна. Само во овој потег каде што се наоѓаме, вкупните градежни активности се над 6.500.000 евра, од кои што 5.500.000 милиони евра се директно средства исплаќани од буџетот на Општина Битола“, рече Петровска.

Реконструкцијата и доградбата на отворениот канал, покрај што ќе го реши проблемот со атмосферските води, ќе овозможи доизградба на улицата „Крушевска Република“, како и сообраќајно поврзување на улицата „Македонска фаланга“ со новоизградените улици во АРМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани