АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веќе трета недела нема регистарски таблички за новонабавени возила во земјава, реагираат жители на Битола. Сопственици кои купиле возила во странство или во Македонија не можат да ги возат бидејќи не им се издадени таблички.
„Кажано ни е дека бил распишан нов тендер и ќе се промени добавувачот. Со проблемот се соочуваат веќе трета недела не само физичките лица, туку и фирми, кои во услови на ваква криза не можат да ги вклучат своите возила во промет и со тоа губат и клиенти и приход. Во контекст на решавање на проблемот би дале и еден предлог, доколку нема таблички, нека издаваат потврди од МВР дека возилата се регистрирани и можат слободно да се движат сеʹ до моментот на добивање на регистарски таблички“, велат битолчани.
Од МВР одговорија дека избран е нов економски оператор и има мал застој поради технички причини во издавањето на регистарски таблици. Но, испораката веќе е почната по градови и проблемот многу брзо ќе биде надминат.