2win800x200

Кинокултура- проект за равој на туризмот и културата меѓу Битола и Едеса (Воден)

Април 26, 2021

Се одржува дводневна конференција на тема „Туризам и култура“, како дел од проектот „Кинокултура“ кој предвидува соработка меѓу Битола и Едеса (Воден). На конференцијата свое обраќање имаа градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, градоначалникот на Едеса, Димитриос Јани, претставници на проектните тимови од двете општини, ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Сашо Коруновски, како и други експерти од областа на културата и туризмот.

„Овој проект е многу важен затоа што ги зајакнува нашите меѓусебни врски и пријателството со грчкиот народ. Се надевам дека набрзо ќе ја надминеме кризата со пандемијата, да се видиме во подобри услови, затоа што можеби ова техничко поврзување е добро за во овие услови, но секогаш е подобро кога за тоа постојат можности да се видиме и да разговараме во живо. Се надевем дека сите вие ќе ни бидете гости во нашиот град наскоро и дека ние ќе можеме да ја видиме целата убавина на Едеса која добро ја знеме, но никогаш не е доволно уживање во така убав град. Се надевам дек овие денови ќе се развие квалитетна дискусија и ќе се донесат добри заклучоци за понатамошните чекори“, рече градоначалничката Наташа Петровска, на денешното отворање на конференцијата.кино 2

Новите технологии играат одлучувачка улога во „реконструкцијата“ на минатото во регионот и промовирањето на важните историски елементи и културното наследство. Една од главните цели на проектот Кинокултура е да ги промовира заедничките културно – историски вредности во прекуграничната област, притоа да создаде услови за подолг престој на туристите во Едеса и Битола. Со реализацијата на овој проект, Општина Битола набави кино опрема, изработи виртуелна презентација на Стариот театар и 3Д модели на значајни градби од Старата чаршија, а во тек е проширување на Wi – fi мрежата и опремување на туристичкиот инфо центар во Битола.кино 3ѓ

Во рамките на дводневната конференција се врши обединување на прекугранични и национални претставници од областа, граѓанското општество, јавните власти и образованието со цел да се истражат и дискутираат можностите и силните страни во врска со одржливото зајакнување и понатамошниот развој на културата и туризмот. Организатор на конференцијата е општинското претпријатие ДИКИДЕ од Едеса.

Проектот се реализира во рамките на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка, помеѓу Р. Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани