2win800x200

Обнова на училиштата во руралните средини и нова опрема за учење на далечина

Април 27, 2021

 

По санацијата на улиците во село Доленци, се реновира и подрачното  основно училиште во ова село, кое е во состав на ОУ „Елпида Караманди“-Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со директорката и наставниот кадар извршија увид во реновирањето, во кое беше саниран кровот на училиштето, поставени се нови тавани, извршено е бојадисување на ѕидовите, а во тек е поставување на подни и ѕидни плочки, со што во голема мерка се подобрени условите за одржување на квалитетна настава.

Локалното население, кое оствари средба со градоначалничката Петровска, изрази големо задоволство за условите во училиштето, во кое што учат 32 ученици во три паралелки. Разговараа и за можностите за следни заеднички активности.

Градоначалничката го посети и подрачното основно училиште во селото Оптичари, во кое исто така имаше големи зафати во однос на реновирањето на руинираниот кров, а се изврши и бојадисување во училишните простории. За санација на овие две училишта, општината издвои над 775.000 денари.

Во рамките на подобрување на наставниот процес на далечинско учење, за децата од ранливите категории во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ беа доделени лап-топ компјутери од  невладината  организација „Македонија 2025“, со овозможен интернет до крајот на учебната година од страна на Телеком Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани