АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ООУ „Гоце Делчев“ од Битола денеска го слави патрониот празник, испраќајќи ја пораката дека и во услови на пандемија и онлајн настава не запираат реализираните проекти, многубројните освоени награди од страна на учениците на општински, регионални натпревари, предавања, работилници и презентации, што се доказ дека за успешната работа и посветенот на раководниот тим на оваа наша образовна институција.
И годинава беше положено свежно цвење пред бистата на патронот Гоце Делчев што се наоѓа во зградата на основното училиште. Заради ситуација изостана главната свеченост, но учениците на часовите читаа рецитали за ликот и делото на големиот револуционер.
Директорката на ОУ „Гоце Делчев “ Билјана Стојковска заедно со дел од раководниот, стручниот и наставниот кадар од пред бистата на великанот испратија порака дека се следи императивот и дека се работи во насока на унапредување на воспитно-образованиот процес во училиштето.
-Гоце Делчев претставува еден од најистакнатите водачи и идеолози на македонската ослободителна борба од крајот на 19. и почетокот на 20.век. Горди сме што нашето училиште го носи името на великанот. Во тој контекст порачуваме дека образованието бара посветеност од сите три страни, како од страната на учениците и наставниците така и на страната на родителите. Почитувани ученици во вас гледаме идни алуми со кои училиштето ќе се гордее, порача директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Битола, Билјана Стојковска.