2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шахпаска: Побаравме од Комисијата за заштита од заразни болести да дозволи зголемување на групите во градинките

Мај 05, 2021

Министерката Шахпаска информираше дека Министерството за труд и социјална политика ја следи состојбата со пандемијата КОВИД-19 во градинките на дневно ниво. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот. 

Врз основа на досегашните информации бројот на заболени деца од КОВИД 19  во нив е минимален и не бележи тенденција на раст.

Mинистерката Шахпаска информираше дека со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмено допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките.

Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по престанување на траењето на вонредната состојба, во моментов е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.

Доколку биде прифатен нашиот предлог, образложи министерката, дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители.

Посочи дека за само седум месеци отворени се нови 11 градинки со  опфат на нови 670 деца, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 13 нови градинки со дополнителни 1408 места за деца од предучилишно образование во нив.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани