АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Регионалниот вакцинален пункт во Битола денеска се вакцинирани рекордни 94,5 проценти од закажаните. Од 1461 граѓани кои добиле термин за 12 мај, да се имунизираат дошле 1381. Вупно со масовната имунизација се вакцинирани 6307 лица во Битола, а заедно со претходно имунизираните 8707 граѓани. Возраста од вчера е спуштена на 63 години, со што и процесот на вакцинација се одвива со позабрзана динамика.
-Вакцинацијата во пунктот во Битола се одвива одлично, задоволни сме од бројот на пријавени граѓани. Нормално, кај возрасната популација потешко одеше, поради движење и придружби, но тој дел помина. Како што слегува возрасната граница, бројот на вакцинирани е се поголем, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.