2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Преку низа активности „Коле Канински“ го одбележа патрониот празник

Мај 26, 2021

Под мотото „Градиме мостови наместо ѕидови“ училиштето „Коле Канински“ го одбележа патрониот празник. По повод празникот, директорот на училиштето Зоран Мирчевски, заменик директорката Лидија Недановска заедно со училишната служба положија цвеќе на споменикот на Коле Канински.

patronat 27 7

- Со низа активности нашето училиште го одбележа патрониот празник. Оваа година мотото беше „Градиме мостови наместо ѕидови“, па наставниците и учениците активно беа вклучени во организираните активности. Оваа година сите активности ќе бидат преточени во училиштен весник кој ќе го претстави секојдневието во училиштето. Уредник на весникот е наставничката по македонски јазик Марија Недановска Пискачева и наставничката по проекти од информатиката, Наташа Лавчанска во соработка со фондацијата „Отворете ги прозорците. Весникот ќе се испечати под покровителство на печатницата „Киро Дандаро“ - Битола - вели директорот.

3patronat 27 7

Подрачното училиште во село Буково подготви и видео на кое се гледаат активностите по повод патрониот празник.

 


Мотото на патрониот празник ги поттикнува сите ученици и наставници да создаваат мостови на пријателства и другарство, создавајќи позитивна атмосфера во која ќе преовладува еднаквост и инклузија. Токму ова е главната цел на училиштето, кое не само што инкорпорира инклузија во воспитно-образовниот процес, туку и инфраструктурно, па неодамна доби и инклузивен парк во самото училиште.

- Нашето училиште го доби еден од четирите „Детски инклузивни паркови“, што се дел од Програмата „Зајакнување на општинските совети“-„Социјална инклузија“. Програмата беше финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, во која директно учествуваа граѓаните од општина Битола преку реализирани четири форуми. Проектот беше предложен на првиот форум на 26.02.2020 година, беше формирана работна група од граѓани, а јас бев координатор на проектот - изјави д-р Аница Златевска, психолог во „Коле Канински“.

4patronat 27 7

6patronat 27 7

Училиштето почна и со реновирање на дел од инфраструктурата - ги реновираше скалите на еден од влезовите, и постави рампа за пристап до количка.

5patronat 27 7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани