2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Отворена канцеларија за 64 услуги на државните институции кои ќе се добиваат на едно место

Јуни 17, 2021

Со цел на едно место граѓаните да добијат повеќе услуги од дражавните институции, во Битола денес е отворен центар за јавни услуги „Една точка за услуги”, проект на Министерството за информатичко општество и администрација. На овој начин треба да се поедностави пристапот на граѓаните до вкупно 64  услуги на Министерствата  за внатрешни работи и  за транспорт и врски, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за водење матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

DSC 6661

„Во „Една точка за услуги“, граѓаните ќе можат да добијат 64 дигитални услуги, како што сега со градоначалничката извадовме потврда за стаж. Услугите ни се поврзани и со други министерства и институции, а јас како министер ќе настојувам да се зголеми тој број. Секојдневно ќе продолжиме да работиме и да ги надоградуваме услугите за граѓаните“, рече  на отворањето на оваа канцеларија министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

DSC 6617

Градоначалничката на Опшина Битола Наташа Петровска рече   цените на услугите кои граѓаните ќе ги добиваат  се исти како и во соодветните институции, а дел од услугите се и бесплатни.

DSC 6671

„Поводот е навистина значаен за олеснување на услугите кон граѓаните во добивање на низа документи. Денешниот настан во кој локалните самоуправи можат да се вклучат интероперативно во овие системи и да ги олеснат и совите постапки на делување, но да го олеснат и пристапот на граѓаните. Ова потврдува дека станува збор за едно време во кое што оваа држава со оваа власт и овие политики прави сериозен исчекор во дигитлизацијата за услуги кон граѓаните и во насока на препознатливост во светски рамки како треба да функционира едно општество“, рече градоначалничката Наташа Петровска. 

DSC 6680

Канцеларијата се наоѓа во Безистенот во Битола, на влезот кој е наспроти комплексот Шехерзада. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани