АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП “Комуналец“ од Битола денеска доби 12 милиони денари за набавка на возила за чистење на отпад од Министерството за локална самоуправа. Возилата ќе ги чистат битолските улици, особено Широк сокак, Градскиот парк и Шеталиштето.
-Со набавката на оваа опрема помагаме во модернизацијата на претпријатието и употреба на современи средства за работа, добиваме почист град и намалување на загадувањето бидејќи возилата нема да ја загадуваат животната средина, порача министерот Горан Милевски.
Од ЈКП „Комуналец“ велат дека возилата се успешна проект апликација „За почиста Битола“ со која претпријатието добива две метларки на електричен погон.