АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Монодрамата „Последната лента на крап“ во режија и изведба Ѓорги Јолевски, копродукција на Народен театар од Скопје и Перипетија продукција е најнаградуваната претставата на 22 Интернационален фестивал на монодрама кој заврши вчера во Битола. Таа ги освои наГрдите Гран при и за најдобра режија.
„ Секогаш сум многу истремиран кога играм пред битолската публика. Почнав овде да играм на 10 години, еве ме на 57 и се` уште имам страв до коски како ќе излезам пред битолската публика. Благодарение на неа која е навкната да гледа различни естетики од различни режисери и автори кои многу смело го коментираат светот во кој живееме и поставуваат принципи на комуникавија преку естетските врености со публиката која знае да препозна и да ги критикува оние кои не го дрежат чекорот“, рече Јолевски.
Наградата за најдорбо актерско остварување ја доби Билјана Драгичевиќ-Пројковска за улогата во монодрамата „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски, продукција Драмски театар Скопје.
Награда од публика која традиционално ја доделува Општина Битола заврши кај актерот Ефтим Гаурски за монодрмата „Избувливиот човек“ во режија Перо Даниловски, а во продукција НУЦК „Бели Мугри“- Кочани.
На фестивалот беа одиграми 10 домашни монодрами во конкуренција.
Фестивалската завеса се спушта вчера со претставата „Луди за љубов“ во режија на Јован Ристовски, авторски прокет на Хари Михајловски, а играа актерите Борис Чоревски, Илина Чоревска , Хари Михајловски и танчерот Валентино Апостоловски.