2win800x200

Атиџе и Сузана -“Од Беќирлија до Битола“

Јуни 28, 2021

 

 

За весникот ВЕЧЕР Турунџиева вели дека споменатата песна е нејзино дело, таа е комплетен автор на музиката и текстот, а единствено аранжманот е од музичката работилница на Роберто Поп Димитров. Сè е снимено во студиото “Кентаур“ во кое се “крчка“ и целиот албум “Иста судбина“

Сузана Турунџиева, нашата многу позната водителка, пејачка и писателка, ја продолжува својата успешна соработка со нашата мегапопуларна несудена холивудска ѕвезда Атиџе пренесува https://www.vecer.press/Турунџиева за својот најнов студиски албум “Иста судбина“ подготвува десетина нови песни меѓу кои и песната “Од Беќирлија до Битола“. Идејата за овој проект, кој уште отсега предизвикува огромен интерес како во Македонија, така и во странство, е на самата Сузана. За весникот ВЕЧЕР Турунџиева вели дека споменатата песна е нејзино дело, таа е комплетен автор на музиката и текстот, а единствено аранжманот е од музичката работилница на Роберто Поп Димитров. Сè е снимено во студиото “Кентаур“ во кое се “крчка“ и целиот албум.

-Видеото за песната “Од Беќирлија до Битола“ се снимаше на повеќе локации во Битола, на разни интересни места во Овчеполскиот регион на оној потег помеѓу Дорфулија и Беќирлија. Исто така има сцени и од Скопје во Даутпашин амам, објаснува водителката за ВЕЧЕР.

Всушност целата ова идеја која е осмислена од Турунџиева многу и се допаднала на Атиџе. Таа без двоумење сето тоа го прифатила. Одлично се снајде, па во шега вели дека “сега ќе биде малку важна, недостапна, ќе глумела естрадна ѕвезда“. Секако дека Атиџе никогаш нема да биде препотентна, не и е тоа во карактерот, туку само една нормална приземна личност. И таа и Сузана и сите нивни соработници одвај чекаат сè да биде завршено, па да направат убава гала промоција за медиумите, новинарите, фановите, пријателите….

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани