2win800x200

Песни за Битола на македонски и еврејски јазик

Јули 16, 2021

 

Американската ладино пејачка Сара Ароестe, чии корени потекнуваат од Битола, оствари средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска во нејзиниот кабинет.
На средбата, Ароесте и подари на Петровска цд албум со песни од Битола, со соодветна симболика за еврејската заедница. Во овој музички проект, учествуваат 30-тина музичари од Македонија и Израел, а песните се отпеани на македонски и еврејски јазик.
Градоначалничката Петровска истакна дека со новите културни објекти во градот, зголемена е и можноста за настапи и концерти на уметници од целиот свет.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани