2win800x200

Се монтира и пушта во употреба новата механизација во РЕК Битола (видео)

Јули 26, 2021

Во функција е најголемиот дел од механизацијата која АД ЕСМ ја набавува за потребите на рудниците во РЕК Битола, соопштија од компанијата. Дел од градежните машини кои поради својот габарит стигнаа во комбинатот во делови, се монтираат од претставници на производителите во земјава и регионот. Од средината на јуни досега, во РЕК Битола пристигнаа 13 од 36-те машини набавени за потребите на рудниците на РЕК Битола.

Вкупната вредност на набавката изнесува 17,5 милиони евра, средства на АД ЕСМ. Ова е прва набавка од ваков обем од отворањето на комбинатот пред 40 години, а нови машини во РЕК Битола не се набавени повеќе од 20 години, пишува во соопштението на ЕСМ. РЕК
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани