2win800x200

Владата со кампања „Вакцинирај се“

Август 24, 2021

Владата започна кампања за што помасовно вакцинирање на граѓаните „Вакцинирај се“ што ќе трае во наредите неколку месеци. Целта е да се спречи губењето нови човечки животи, да се врати животот повторно во нормала, како и спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста.

На промоцијата на кампањата премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш апелираа дека вакцините се безбедни, ефикасни и претставуваат  единствен начин за надминување на пандемијата, за спас од тешките форми на Ковид-19 и од смртен исход.

-Секој глас за вакцина е глас за спас на живот. Затоа апелирам, да ја прифатиме пораката на кампањата „Вакцинирај се“. Да се вакцинираме за да се собираме повторно заедно, за да се вратиме на нормалниот живот. Сите да направиме чекор кон таа цел. Да го поттикнеме трендот на вакцинацијата, да ги охрабриме граѓаните, да ги видиме повторно широките насмевки на лицата, без маски, да ги вратиме прегртаките, за тоа ја лансиравме кампањата, а повикот е јасен, вакцинирај се. Вакцинирај се за да се вратат и артистите на сцените, за да се врати публиката на спортските арени, истакна Заев.

Имунизацијата се зголемува, тече непречено на сите пунктови, но, според властите, се уште обемот на опфатот не е доволен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани