2win800x200

Започна реконструкцијата на ул. „Ари Ангелевски“, - канализациона мрежа, водоводни приклучоци и нов коловоз

Септември 06, 2021

 

Започна реконструкцијата на ул. „Ари Ангелевски“, која опфаќа промена на канализационата мрежа, водоводните приклучоци и нов коловоз.
Градоначалничката Наташа Петровска заедно со тимот кој работи на овој проект, извршија увид во градежните активности и беа запознати со динамиката на изведба на активностите. За оваа улица, од општинскиот буџет се издвоени 2.015.502 денари за канализационата мрежа, за активностите во однос на водоводната мрежа 1.106.841 денар и за реконструкцијата на коловоз 2.339.428 денари, со што вкупната инвестиција на оваа улица е 5.461.771 денар.
Реконструкцијата на ул. „Ари Ангелевски“ е дел од Програмата на градоначалничката Наташа Петровска, во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење, дрво и надвор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани