2win800x200

Нона Марковска го промовира својот нов роман во издание на „ТРИ“

Септември 17, 2021

На 20 септември, во „Везилка“ во Битола, со почеток од 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Големата лага и малите вистини“. Младата авторка Нона Марковска настапува на македонската книжевна сцена со нов роман за вистината.

За првпат во ТРИ ја запознавме преку нејзиниот расказ „Агонија на изолацијата“, објавен во „Карантински приказни“ минатата година. Токму оттаму, од овој расказ како плод на самоизолацијата, се зачнала идејата која се развила во роман.

Сижејната линија на романот се движи низ реалните настани кои му се случуваат на светот. Додека докторката Лаура де Луци се обидува да ја спаси сестра си од неизлечливата болест, во болницата „Салватор мунди“ се случува хаос. Во Рим се шири заразна болест. Притиснати од неа, преморени и исплашени, и лекарите и пациентите стануваат свесни дека се, пред сѐ, луѓе кои сакаат да живеат, да сакааат и да бидат сакани. Борејќи се со страшниот вирус, всушност, сите се борат со своите внатрешни демони.

Инспирирана од реалноста и понесена од своите идеи, Нона Марковска создава една своја нова реалност во која секој заслужува да влезе. Вашата влезница е овој роман, кој може да го купите на промоцијата во Битола, но може да го најдете и во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани