Webp.net gifmaker

Режисерката Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за филмот „Сестри“

Септември 17, 2021

„Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, а денеска тимот на филмот одржа прес конференција на која режисерката Дума и екипата од филмот говореа за предизвиците, успесите, инспирацијата...


"Вистинит настан беше инспирација зафилмот и се случи во моето училиште, а случајот се појави и на вести.Таа доживеа друштвено исклучување, ги изгуби сите другарки и на крај се пресели во друга земја, а дечкото остана во школото и стана фраер. За мене тоа беше неправда што остана до денес, зашто никој ништо не направи, ниту јас, пријателите, институцијата, професорите, педагозите. За жал, тоа уште е така. Тинејџерите користат многу социјални мрежи. Овие генерации се родени со телефоните и тоа многу, многу не е добро, а не сме свесни за тоа“, рече Дума.

Во филмот, кој минатиот месец на светската премира освои специјална награда на жирито на фестивалот во Карлови вари,  се раскажува за тоа како еден клик на социјалните мрежи може да уништи нечиј живот.

"Многу ми беше важно да го пренесам светот во кој живеат младите зашто снимањето и објавувањето на нивниот интимни односи на социјалните мрежи е сериозен проблем за кој институциите што се надлежни не обрнуваат внимание. Од почетокот на идејата до денес се поминати пет години и сметам дека толку време е потребно за еден филм. Три години се развиваше сценариото, снимавме 6 недели на различни локации низ Скопје, а за да ги најдам овие прекрасни млади дами кои глумат во филмот ми требаа 6 месеци. Заедно се подготвувавме низ разговори, а за мене беше најважно да се вистински тинејџери. За мене нивниот свет е познат бидејќи до неодамна и јас бев скоро тинејџерка, рече Дума.

SAS 2125
Таа подвлече дека се надева дека филмот ќе допре до младите и тинејџерите, тие мојата таргет група, а втората се родителите на тинејџерите и дека во нашето општество нешто ќе се помрдне по овој проблем кој е реален и многу сериозен


Филмот има фасцинантни сцени под вода.


"Процесот на снимање беше сложен. Од самиот избор на локации, избор на костими, боите... траеше долго, го креиравме заедно со Дина и резултатот го видовте. Сцените под вода беа предизвик и за Дина и за мене и за екипата. Во поглед на техничкиот дел можеби денеска сето тоа е многу поедноставно отколку што било тоа порано, меѓутоа се соочивме со секакви проблеми. Во Македонија, пред се не постои опрема за подводно снимање и моравме да ја изнајмиме од Хрватска, да дојде специјална екипа која се грижеше за опремата, имавме нуркачи...", објасни Наум Доксевски, кинематографер на филмот „Сестри“.


На прес конференцијата присуствуваше и авторот на музиката Игор Василев Новоградска, кој истакна дека досега не работел на сличен филм како овој на Дина.


"Немаше многу простор за музицирање, филмот е доста поетичен, има преубави сцени во вода, музиката требаше само да го поддржи тоа поетизирање", рече Василев.

SAS 2199
Дел од актерската екипа која присуствуваше на прес конференцијата истакна дека работата на „Сестри“ за нив  било предизвик. Младата актерка Антонија Белазелкоска која ја игра улогата на Маја, изграден како поетички лик со похеројски пристап, запрашана колку ваквите појави се чести денес меѓу младите одговори:

„Нема од нашата генерација некој што не познава таква приказна, можеби не лично на него туку околу неговиоте пријатели и темата е многу блиска на младите“.

На пресот беше и актерката Марија Јанчевска што го игра ликот на Елена, тинејџерка што се дави во Вардар, рече дека нејзината возраст кога се снимал филмот била вистина бариера. Имала 14, а во ликот требало да глуми девојка од 16-17 години.

„Го имав првиот бакнеж на камера, сè ми се случуваше првпат и за мене беше голем предизвик. Навистина глумев улога со која не можев многу да се поистоветам, за среќа. Имав искуство претходно со филмска глума, но не и со љубовни сцени“, рече актерката.

Уште не се знае кога точно филмот ќе има кинопремиера во земјава.

„Сè уште не знаеме, зашто нашата таргет група се младите, а тие нема да можат да влезат во кино зашто младата генерација не е вакцинирана и уште сме во преговори со продукцијата. Но, наскоро ќе излезем со став кога ќе биде проекцијата“, рече режисерката Дума.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани