2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Избори и се е можно, анкети во пелени

Септември 25, 2021

Анекетите во кои се тврдеше дека убедливо водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во повеќе општини, меѓу кои и Битола, ги направила невладината организација О.Г.А.Н. на чие седиште нема никој и се веат пелени. Истражувањето кое го пренесуваме го изработи а1.он, според кое седиштето заведено во Централниот регистар се наоѓа на домашна адреса во последните куќи во населба Ченто на патот за Арачиново во Скопје.

„На ниту еден од влезовите никој не отвори. Соседите кои не сакаат да зборуваат во камера не знаат дека тука има здружение , но потврдија дека тука живее Маја Додевска Пешевска која според Централниот регистар заедно со Николче Стојановски, Марија Ивановска и Мартин Нечевски е сопственичка на организацијата за граѓански активизам и независност. Здружението не одговори на прашањата за тоа колку анкети вкупно досега направиле, каде ги објавуваат и од кога се занимаваат со правење анкети со оглед дека во здужението стои дека ќе се занимаваат со дејности од областа на културата, но не е наведено дека ќе прават предизборни анкети и истражувања“, пишува а1.он.

Организацијата за граѓански активизам и независност О.Г.А.Н. деновиве секојдневно објавуваше анкети на кои редовно во голема предност беа кандидатите на ВМРО –ДПМНЕ. Во првата објавена анкета соопштија дека нивните собрани податотоци укажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски имал најголема доверба кај граѓаните. Него му верувале 15,9 отсто од испитаниците, а на премиерот Зоран Заев 13,4 отсто. По ова следуваа анкети кои укажуваат водство на кандидатите за градонаначалници од ВМРО-ДПМНЕ на Скопје, Аеродром , Гази Баба, Битола, Гевгелија и Неготино.

Инаку, Здружението е основано минатат година во мај, регистрирано на домашна адреса, без контакт телефон и веб страница. Редовно пред избори се обајавуваат анкети кои го покажуваат расположението на граѓаните. И претходно имаше иснтитути кои редовно ја фаворизираа ВМРО-ДПМНЕ пред избори и беа затворени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани