АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера К.К„ ЗАНШИН ДО“ –БИТОЛА оствари спортска средба со директорот на Агенција за Млади и Спорт Наумче Мојсовски и со нашата амбасадорка Поликсенија Јовановска . Посетата беше по повод Европската недела на спортот како и денот посветен на„ Жената во спортот“, вели Стевка Јанковска Петковска тренер на К.К. „ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА.
Таа вели дека и причинува особена чест и задоволство што биле избрани само шест клубови од цела држава на кои жени се тренери и кои ќе остварат средба со делегацијата. Директорот Наумче Мојсовски заедно со Поликсенија Јованоска која беше неодама деветто пласирана во кати на Олимписките игри во Токио им врачија пакетчиња на децата со нетипичен развој меѓутоа не беше заборавено нити едно друго дете, за секое дете имаше подарок маички и кимона.
-Особено ме радува приодот од страна на директорот на Агенција за Млади и Спорт Наумче Мојсовски кој отворено разговараше за проблемите со кои се среќаваме во спортот и јасно кажа дека секогаш се отворени вратите кај него за се што може да ни помогне како клуб. Амбасадорката Поликсенија Јовановска беше пријатно изненаден од искрените лица на сите деца кои со нетрпение ја чекаа бидеќи таа е нашаат городост, таа е идол на многу девојки. Горда сум како тренер бидеќи уште еднаш јавно се покажа дека нема машки и женски спортови има само добри и лоши тренери, изјави Стевка Јанковска Петковска тренер на К.К. „ЗАНШИН ДО“-БИТОЛА
.