2win800x200

Одржан првиот академски час на првиот циклус на студии по бизнис менаџмент во Бизнис академија Смилевски

Октомври 01, 2021

По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, Бизнис академија Смилевски БАС Битола, првиот академски час го одржа на платото пред сопствената зграда. Оваа академска година се запишува 14-тата генерација студенти кои своите знаења ќе ги стекне на тригодишни стручни студии  по бизнис менаџмент. Преку оваа студиска програма се градат професионални компетенции за планирање, организирање, управување, раководење и контрола на бизнисот надополнети со повеќе од 100 денови студентска пракса во успешни македонски компании со можност за вработување. Стекнатите знаења ќе ги имлементираат како надзорници, линиски и секторски менаџери.

На идните менаџери им се обрати еден од основачите на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски: ,,Идејата за почетокот на БАС е како одговор на воочениот недостаток на професионално едуцирани и остручени надзорници, оперативни и стратегиски менаџери во земјата како и свесноста за големиот јаз помеѓу теоретските содржини на постоечките студиски програми од една и професионалната менаџерска работа во македонското окружување, од друга страна. Ние основачите на БАС, заедно со постојано вработениот кадар и соработниците чекориме кон нашата визија на создавање одржлива високообразовна установа која на општеството ќе испорачува висококвалитени услуги во областа на менаџментот.

Во истото време на локацијата на Бизнис академија Смилевски во Скопје преку on line конференциска врска беше одржан првиот академски час.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани