2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола вакцинирани над 47 илјади граѓани со една доза вакцина

Октомври 05, 2021

Една доза вакцина примиле 47 377 граѓани од Општина Битола, што е 57,9 проценти од вкупниот број на население над 18 години, а со две дози се вакцинирани 44 387. Според овие информации од Институтот за јавно здравје,  пред Битола со поголем број на имунизрано население има 6 општини: Неготино 65,5% Кавадарци 64,6 %, Охрид со 64,3 Гевгелија 61,8%, Ресен со 59,8%, Берово 58,1%. Со најмал број вакцинирани се Гостивар со 34 проценти и Струмица со 35 проценти вакцинирано насление над 18 години.

Заклучно со 4 октомври вкупно во државата се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани