За прв пат група од 17 европски тур оператори во посета на Пелагонискиот регион, информираат од Пелагонискиот плански регион
-17 европски тур-оператори ќе имаат можност да бидат дел од 5 - дневното искуство и одблиску да се запознаат со туристички производи во проектот I-TOUR чија главна цел е развивање на прекуграничниот туризам преку подобрување на атрактивноста и промоција на Пелагонискиот регион.
Претставниците на познати европски тур оператори од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Шпанија, Белгија, Германија, Италија, Малта, Чешка, Полска и Словачка, покрај тоа што ќе се запознаат со потенцијалите што овие региони ги нудат, ќе имаат можност да дадат свој придонес кон развивање на туристичките продукти и да предложат нивно адаптирање според потребите на нивните клиенти, вели директорот на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче.
Промотивната тура се реализа како дел од проектот „Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси I-TOUR“, кој е финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција ИНТЕРЕГ ИПА 2014-2020, каде главен носител на активностите е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.