2win800x200

Кондовски најави тужба за клеветите и навредите изречени од Александар Николовски

Октомври 13, 2021

Христо Кондовски кандидат за градоначалник на СДСМ за Битола,  најави тужба за клеветите и навредите изречени од  Александар Николовски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Кампањата што Николовски ја води кон Кондовски го достигна политичкото дното, смета кандидатот за градоначалник на СДСМ,  па бидејќи за него е несвојствено да возвраќа со политички некоректна реторика, се реши да тужи.

-Мене ме чуди зошто ВМРО ДПМНЕ на централно ниво, се занимава со мене. Веројатно сум одзел како позитивна личност многу внимание. Јас ќе продолжам со својата позитивна кампања, а оној дел што е за нападите и навредливите зборови ќе го регулираме преку правните механизми. Правниците ќе поднесат тужба, рече Кондовски денеска во Битола.   

Кондовски за цело време од почетокот на изборите води позитивна кампања, исклучиво со промоција на својата програма и проектите за Битола. Иако во неделата тој беше директно нападнат и од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој дојде во Битола да отвора партиска канцеларија, ама не пропушти да упати навреди и обвинувања кон Кондовски.

Кандидатот за градоначалник Кондовски не му возврати на Мицкоски, велејќи  „ќе продолжам со позитивна кампања, убеден сум дека граѓаните сакаат да видат една позитивна атмосфера, да ја видат енергијата и ефикасноста на идниот градоначалник. Кампањата да биде лице на тоа како градоначалникот ќе ја води општинската администрација, самата општината, градот и селата, рече Кондовски.

Но, Кондовски е мета на напади, лични дисквалификации и професионално деградирање секојдневно од политичките опоненти од ВМРО ДПМНЕ во Битола.  Како се ближат изборите тие се обидуваат да го деградираат и лично и професионално на секој можен начин.

Досега Кондовски со ниту еден збор или потег не возврати ниту на една навреда и клевета  кон политичките опоненти.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани