2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општина Битола го доби третото еколошко возило на метан

Октомври 13, 2021

 


Во Општина Битола денес пристигна третото, од предвидените четири минибуси на метан, како дел од заложбата на градоначалничката Наташа Петровска за создавање на услови за почиста животна средина. Претставникот на компанијата Каргомакс, Стеван Мишев и ги предаде клучевите од возилото на градоначалничката Наташа Петровска, која и денес посочи дека овие возила – минибуси на еколошко гориво ќе бидат во функција на учениците и граѓаните на Општина Битола.



За прв пат, Општина Битола со сопствени средства набави нови четири еколошки минибуси на метан, со 16 и 19 патнички седишта, во вредност од 18.000.000 денари. Четвртото возило на метан е веќе завршено во процесот на прозиводство и се очекува да пристигне во општината за околу две недели, посочија претставниците од компанијата Каргомакс.

Исто така, градоначалничката Петровска го потпиша договорот за набавка на две електрични возила и електричен напојувач, во рамките на проектот „Интегриран систем за зелен транспорт“, кои треба да стигнат до крајот на ноември.

За превоз на лицата со потешкотии, Општина Битола набави транспортно возило-минибус во вредност од 1,3 милиони денари. Со спроведените постапки, возниот парк на Општина Битола се збогатува со 7 нови возила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани