2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отежнато се одвива сообраќајот Битола-Новаци поради модернизација на железничкиот премин

Октомври 26, 2021

Поради реконструкција на железничкиот премин во близина на битолското Дулие, поточно на Новачки пат, денес отежнато се одвиваше сообраќајот на излезот од Битола и патот за Новаци, Логоварди и РЕК „Битола“. Возилата не можеа да минуваат директно по патниот правец Битола -Новаци, туку мораа да вратат од кај црквата Света Недела  каде се создаваше тесно сообраќајно грло, а потоа се приклучуваа на регионалниот пат за Новаци. Низ заобиколниот пат минуваа автобуси, камиони и други возила, па сообраќајот се одвиваше забавено. Во тек е  модернизацијата на горниот строј на железничките премини со рециклирани гумени елементи. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани