2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Од утре почнува скринингот за КОВИД-19 во училиштата во Битола

Ноември 02, 2021

Утре почнува скринингот за КОВИД-19 во основните и средните училишта во Битола, потврдија за апал.мк од Центарот за јавно здравеј. Вкупно во нашата општина ќе бидат опфатени  378 ученици. Превентивните тестирања се со цел рано детектирање и превенција од КОВИД 19 во училиштата низ Македонија, а ќе се спроведуваат со брзи анигенски тестови, а вкупно низ дражавата се опфатени 8178 ученици. Тестирањата ќе се извршуваат во училиштата, по случаен избор, со согласност од страна на родителите.

-Министерството за здравство апелира до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид 19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците. Со давањето поддршка на скринингот, зачајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците, се наведува во соопштението на Министерството за здравство кое во октомври го испрати до јавноста

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани