Народниот театар од Битола на 14ти ноември ќе прослави 77 години од своето постоење.
По повод роденденот, Народниот театар – Битола ќе ја одигра претставата “Сомнително лице”, а гледачите бесплатно ќе може да ја гледаат на 13ти ноември во 20 часот. Претходно во 19 часот публиката ќе има можност да ја погледнете изложбата “Театарски слики”. Во фоајето на театарот ќе бидат изложени фотографии од претстави на фотографите и хроничари Петар Ставрев и Сашо Ставрев.
-За нас оставаме да зборуваат наградите, публиката, успехот, а тие едногласно кажуваат дека Битолскиот театар и повторно го врати приматот на најдобар театар во нашата држава а и надвор од неа, во регионот.
Нашиот театар станува бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, достојно и гордо ги претставува насекаде во светот.
Повеќе од 77 години е културна институција и централно место на културните случувања во градот и игра огромна улога во стекнувањето на првите културни искуства за новите генерации, додека постарите генерации битолчани биле и сеуште се наша верна публика која ги полни салите секојдневно, па дури и во овие тешки времиња за сите нас.
Нашата појдовна точка и двигател сте Вие – нашата верна публика за која постоиме, вашите громогласни и долги аплаузи се најголемата награда за која ние како театар секојдневно работиме и постоиме, велат од БНТ.