2win800x200

АД ЕСМ: „Мицубиши” заинтересиран за изградбата на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола

Ноември 17, 2021

Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант, како што се посочува, изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

Согласно податоците што ги сподели делегацијата на „Мицубиши“, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија. Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на „Мицубиши“ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година.

Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со преставници на Владата од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител, стои во соопштението. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани