Советот на Општина Битола денеска ги изгласа комисии со кои ќе раководи, назначи и претседатели и членови на овие тела.
Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска покрај што ќе раковди со Советот на Општина Битола ќе управува и со три тела во Советот. Комисијата за финансии и буџет и Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите, како и со Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“.
Пеце Милевски од ВМРО ДПМНЕ ќе раководи со Комисија за урбанизам и заштита на животната средина како и Комисијата за локален економски развој. Со по две комисии ќе претседава и Марица Тодоровска од ВМРО ДПМНЕ-Комисија за јавни дејности и Комисија за вршење надзор на материјално-финансиското работење. Најголем дел од комисиите имаат претседатели од владечката ВМРО ДПМНЕ, додека опозицијата ќе претседава со три комисии.
- Комисија за финансии и буџет – претседател Габриела Илиевска
- Комисија за јавни и комунални дејности - претседател Бојан Бојкоски
- Комисија за урбанизам и заштита на животната средина – претседател Пеце Милевски
- Комисија за јавни дејности – претседател Марица Тодоровска
- Комисија за месна самоуправа – претседател Марко Јосифовски
- Комисија за заштита на човековата средина – претседател Анета Георгиевска
- Комисија за доделување на општински признанија и награди – Ненси Лозанче
- Комисија за статут и прописи – претседател Ѓорѓи Ѓорѓиевски
- Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите – претседател Габриела Илиевска
- Комисија за вршење надзор на материјално-финансиското работење – претседател Марица Тодоровска
- Комисија за евроинтеграции и меѓународна соработка – претседател Борче Корлевски
- Комисија за млади, спорт и рекреација – претседател Зоран Петковски
- Комисија за локален економски развој – претседател Пеце Милевски
- Комисија за безбедност – претседател Јасмина Буневска - Талевска
- Комисија за правата на децата – претседател Елена Кромидаровска
- Комисија за подигање на спомен обележја – претседател Сашо Никовски
- Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“ на Советот на Општина Битола - претседател Габриела Илиевска