2win800x200

Не одете за Охрид преку Галичица, тетовец со кола синоќа заглави во снегот, го извлече полицијата

Декември 29, 2021
Фото: skimacedonia.mk Фото: skimacedonia.mk

На 28.12.2021 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Битола преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х(57) од Тетово. Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански регистарски ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен и спуштен на главниот пат.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани