2win800x200

Милевски-Поддршката за Битола од Владата нема да изостане

Јануари 10, 2022
Го слушнав заклучокот на Советот на Општина Битола, со кое се бара од Владата, финансиски да помогне да се санираат штетите предизвикани од земјотресот, кој најмногу ја погоди Битола.
За жал, надлежните од Советот, како единствен министер од Битола во Владата, не ме информираа за овој заклучок и истиот го слушнав од медиумите.
Но и покрај тоа, давам целосна поддршка и сметам дека е логичен и оправдан овој став на Советот, донесен едногласно од сите советници.
Веќе стапив во контакт со сеуште актуелниот премиер Заев, со првиот вицепремиер Груби и со вицепремиерот за економски прашања Битиќи.
Сите се согласивме дека ова барање е легитимно, а санирањето на последиците од земјотресот се ургентни и затоа уште утре на седница на Влада ќе се разговара на оваа тема.
Владата работи во интерес на граѓаните и поддршката за Битола нема да изостане!, објави министерот за Локална самоуправа Горан Милевски на својот Фејсбук профил. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани