2win800x200

ЕСМ: Во моментов работат два блока на РЕК, за третиот се чека мислење на стручни лица

Јануари 14, 2022

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја информира јавноста дека во моментов работи со два блока – Блок 1 и Блок 2. Како што е добро познато, трансформаторот на Блок 3 беше оштетен во пожар кој се случи вечерта на 5 ноември минатата година и од тогаш во континуитет се преземаат активности за негова санација. Дали и кога постројката ќе биде во можност да произведува електрична енергија зависи од мислењето на стручни лица од РЕК Битола, од Електротехничките факултети во Битола и Скопје, експерти од Белград и стручни лица од енергетските компании во земјава. Дотогаш, контроли и обиди за ставање на трансформаторот во функција ќе се случуваат во континуитет.

Намерите на лица кои не се добро информирани и на никаков начин не се инволвирани во напорите за санација на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, да ги коментираат состојбите во комбинатот, цениме дека се несериозни и злонамерни. Навистина со техниката, особено во енергетиката, нема играње, заради што убедени сме дека паушалните изјави и импровизации со сомнителни цели, конечно ќе запрат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани