Во Битола утрово измерени -7 степени

Јануари 16, 2022

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)

-11 Берово, -10 Маврови Анови, -8 Крива Паланка, -7 Битола, Штип, Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, -5 Охрид, -4 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор, -3 Куманово, 0 Гевгелија, 2 Дојран.
 
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
37 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 9 Крушево, 6 Ѓуриште, 5 Пожаране, 2 Битола.
 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб  ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
 
Температурата во Битола до 5 степени
 
Времето во следните денови:
До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани