АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната трета седница, донесе Одлука со која во услови на вонредни околности учебната 2021/2022 година ќе трае од 1 февруари до 10 јуни. Во основните училишта се утврдуваат 172 наставни денови.
Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и во овие образовни институции бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172, односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни.
Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава е донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Со денешната одлука се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година.