2win800x200

2.677 битолчани побарале надомест на штетите од серијата земјотреси во јануари годинава

Јануари 31, 2022

По серијата земјотреси кои ја погодија Битола во текот на јануари, битолчани поднесоа 2.677 барања за надомест на штетите кои ги претрпеа. Ова го соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на денешната седница на Советот.

Во врска со состојбата предизвикана од серијата земјотреси кои беа почувствувани во Битола, сакам да ја информирам јавноста дека на објавениот повик од страна на Општината, примени се 2.677 барања за надомест на штети. Формирани се комисии кои ке ги разгледуваат барањата во следниот период и се надевам дека многу брзо ке успееме да постапиме по барањата кои ги исполнуваат условите за надомест на штета. Во врска со постапката за проценка на штетите, минатата недела на состанокот со претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, се договоривме во текот на оваа недела, стручните лица од ИЗИИС да им одржат обука на членовите на комисиите кои ке вршат проценка, во врска со што истите треба да се обучени согласно Законот за заштита и спасување – рече Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани