2win800x200

Рендевски: Битолски првенец на генерација, студент со висок просек и врвен неврохирург

Февруари 15, 2022

Министерството за здравство ја пренесе биографијата на новиот заменик министер за здравство, битолчанецот Владимир Рендевски. Неврохирургот Рендевски е битолски првенец на генерација, студент со висок просек и научник со многу трудови.

 

Владимир Рендевски е роден 1979. во Битола, каде завршува основно и средно образование. Позначајни успеси од тој период: 3 пати 3. место на државните натпревари по физика и првенец на генерацијата.

Во 1998. се запишува на Медицинскиот факултет–Скопје, а дипломира на истиот во 2004., со просечен успех 9,34.

Во 2010. завршува специјализација по неврохирургија на Клиниката за неврохиругија-Скопје, во 2015. магистрира на Медицинскиот факултет во Скопје со просек 9,75, а во 2018. докторира на Медицинскиот факултет во Ниш Р. Србија, со оцена 10,00.

Својот работен ангажман го започнува во 2005. како помлад асистент по хирургија во Високата медицинска школа во Битола, а од 2006-2012. продолжува со работа во Клиничката болница во Битола на одделот за неврохиругија. Од 2012. е во работен однос во ЈЗУ Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, каде работи и денес.

Во 2016. е избран за асистент, а во 2019. во наставно звање доцент, по предметите хирургија и неврохирургија на Катедрата по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Од 2017. е директор на Универзитетската Клиниката за неврохиругија во Скопје.

Во 2015 и 2016., обавува 2 месечен престој во неврохируршката клиника при Медицинскиот факултет Черапаша во Истанбул, Турција за: ендоскопски трансназален пристап во лекување на тумори на хипофизата. 

Автор и коавтор е на 82 стручни и научни трудови од областа на медицината од кои 5 се објавени во реномирани меѓународни медицински списанија со импакт фактор. Учествува на бројни конгреси, конференции, симпозиуми и работилници од областа на медицината. Победник е на 26. Интернационален медицински студентски научен конрес во Охрид, 2003.

Раководител е на научно-истражувачки тим, во кој ги обработуваат параметрите што влијаат на предвидувањето на едемот, раната смртност и исходот кај пациентите со хеморагичен мозочен удар.

Како резултат на овие истражувања во 2019. година добитник е на две значајни меѓународни награди:

  • награда за најдобар научен труд за млад неврохирург, доделена од Европската асоцијација по неврохирургија (EANS) и Здружението на неврохирурзи на југоисточна европа (SeENS), на 5-от меѓународен неврохируршки самит, во Крагуевац, Србија;
  • 2. место на 59-тиот меѓународен конгрес по неврологија и психијатрија ,,Mind and brain’’, Пула, Хрватска.

Во 2020., добитник на наградата ,,4 ноември“ на општина Битола, за едногодишни остварувања во областа на здравството.

Во 2021. заедно со медицинскиот тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Северна Македонија – имплантација на Вагус Нерв Стимулатор (ВНС) кај пациенти со медикорезистентна епилепсија, е добитник на највисоката награда на Град Скопје, од областа на здравството ,,13 ноември“.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани