2win800x200

Печатницата „Киро Дандаро“ побара асфалт на улицата пред фабриката, Коњановски вети инфраструктурно уредување на градот

Февруари 16, 2022
Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола побара инфраструктурно уредување на улицата пред фабриката, градоначалникот Тони Коњановски по денешната посета и средбата со менаџментот вети  инфраструктурно уредување на градот. 
 
-Со цел согледување на состојбите и предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, градоначалникот Тони Коњановски ја посети најстарата фабрика во Битола, Печатницата „Киро Дандаро“. Основана после Втората светска војна, печатницата низ годините бележи развоен континуитет, а во моментот таму работат 165 граѓани на Битола.
Од страна на раководството, градоначалникот беше информиран дека со последната инвестиција од крајот на ноември минатата година, фабриката го зголеми капацитетот за 30%, а евидентен е и зголемен извоз за 50%, со извозни активности кои опфаќаат повеќе земји, меѓу кои и Холандија, Англија и Кипар.
Како дел од планираните активности на фабриката, за надминување на моменталната состојба со енергетската криза, раководството ги истакна плановите за поставување на фотоволтаични панели. Нагласија и дека, од големо значење за нив е инфраструктурното поврзување и асфалтирање на улицата пред печатницата, со што ќе се надминат тешкотиите кои честопати се појавуваат пред влезот на фабриката.
Градоначалникот информираше, дека токму поради решавање на ваквите проблеми кои влијаат на работењето на стопанствениците, но и на движењето на граѓаните, локалната самоуправа е насочена кон инфраструктурно уредување на градот, а оваа година, планира комплетна реализација на проектот за изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици на различни локации во општината, информираат од Општина Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани