
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 15.02.2026 во 16:46 часот на патот Битола-с.Кравари, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Р.(51) од с.Оптичари, битолско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, кое го управува, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Проектот за изградба на коловоз на седум улици во село Оптичари, влегува во завршна фаза. Согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот на активностите „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, денес започна асфалтирањето на новата патна мрежа во должина од 1090 метри. Вкупната вредност на инвестицијата од општинскиот буџет изнесува 5.238.208 денари.
Жителите на селото Оптичари, му се заблагодарија на градоначалникот Тони Коњановски, за неговата посветеност во работењето, посебно за подобрувањето на инфраструктурните услови во руралните места, со што конечно се решаваат и долгогодишните проблеми на населението од селата кои гравитираат кон општина Битола.




