2win800x200

Продуцентот Панде Димитровски отвори нов YouTube канал посветен на златните години на битолската и македонската музика – Битолски музички незаборав.

https://www.youtube.com/@bitolskimuzickinezaborav

-Ова е место каде што песните не се забораваат, туку повторно оживуваат и сведочат за едно време исполнето со музика, фестивали и искрени емоции.

Каналот ги обединува сите песни од фестивалите СИ–ДО од периодот 1991 до 1996 година, кога се создадоа и испеаја некои од најпознатите детски хитови како „Визба стара и гитара“, „Ние сме Македонци“, „Наставничке пријателке“, „Наташа од трето три“, „Баксуз“ и многу други. Дел од содржината се и песните од „Здраво генијалци“ од 1996 до 2000 година, проектите на СИ–ДО ФМ од 2001 и 2002 година, како и музичкиот настан „Незаборав“ кој се одржуваше во периодот од 2010 до 2025 година.

Посебно место на каналот имаат и битолските музички имиња кои оставија силен печат во историјата на градот и македонската сцена. „Битолски музички незаборав“ е посветен на уметници како Сашка Петковска, Пепи Бафтировски, Јонче Христовски и групата Конзули, како и на многу други музичари кои со своето творештво ја обележаа Битола.

Овој канал не е само збирка песни, туку вистинска музичка архива и враќање во времињата кога фестивалите беа настан, а песните се слушаа и паметеа со генерации. „Битолски музички незаборав“ е повик до сите љубители на македонската музика да се потсетат, да споделат и да го зачуваат музичкото наследство кое не смее да се заборави, наведува Димитровски. .

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани