АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во градот каде твореле браќата Манаки, денес имаат многу наследници. Тоа го покажа изложбата „Со љубов за Битола 2019“ што синоќа се одржа пред Центарот за култура, парнер на настанот кој пак, беше во организација на ЦЕРИ. На фото конкурсот пристигнаа 105 фотографии од 47 автори, а жирито имаше тешка задача од пристигнатите фотографии да селектира 30 најдобри.
Првата награда на конкурсот ја доби Ангела Зацеска за фотографијата „Огнено срце“ на која успеала да го улови моментот за време на перформанс ва Широк Сокак , каде изведувачот од пламен успеал да направи срце. Тоа симболично се поклопи и со името на изложбата која седма година со ред ги збира квалитетните дела на битолските фотографи. Токму наградената фортографија беше поставена и на постерот за годинешната изложба.
(Прво наградената Ангела Зацеска)
Втората награда ја понесе 14 годишниот Димитар Ристевски за фотографијата „Lady on a trainstation“ на која беше прикажана стара жена на железничката станица во Битола. Третото место го освои Александра Бунческа за фотографијата „Дргарчиња“ на која се фотогрфирани јата птици над стоковната куќа Јавор.
(Второ наградениот Димитар Ристевски)
(Трето наградената Александра Бунческа)
Благодарнци беа доделени и за другите учесници.
„Проектот во свој фокус ја има убавината на Битола , стремежот местото во кое живееме да го гледаме со нови очи“, рече Диоген Хаџи-Коста Милевски, претседател на ЦЕРИ Битола.
Творбите ги оценуваше тричелно жири од професионалните фотографи Димитар Чунговски, Ивона Кочов и Дражан Брачиќ.
„Оваа интересна изложба во Битола која има традиција од седум години доби една закрила од Центарот за култура. Изложбата е влезена во програмата на Министерството за култура , па соработката и понатаму ќе се развива и се надеваме дека ќе стане традиционална во рамки на она што Центарот ќе го организира како свои изложби“, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на Центараот за култура.
Дел од фотогрaфиите учесници на изложбата: